речник контакт

Кој е најстариот град на светот?

Кандидатите се движат од Варанаси во Индија до Пловдив во Бугарија

Петар Печков

Можеби е невозможно да се каже со сигурност кој е најстариот град во светот, но се чини дека е правилно да му се даде таа титула на Алепо, најстариот град во кој во моментов се водат борби и се ограбува

Постоел еднаш еден град кој се викал Крокодилополис, каде што жителите му се поклонувале на богот крокодил Собек. Луѓето од Крокодилополис ја искажувале својата побожност кон земниот претставник на Собек, жив крокодил кој го нарекувале Петсучос и го прекривале со злато и скапоцени камења и го чувале во храм, иако не е јасно како тоа го правеле без притоа да настрадат. Кога еден Петсучос умирал, тие едноставно го заменувале со друг, како саем на златна рипка.

Крокодилополис е формиран на Нил, југозападно од Мемфис, околу 4000 години пр.н.е. Египќаните го нарекувале Шедет (а Грците биле тие кои му го дале на градот ова впечатливо име) и веројатно е најстариот град во антички Египет. Тој сега е дел од модерниот град Фаијум, што го прави Фаијум веројатно најстариот постојано населен град во светот.

Една од причините за крутоста на ова прашање е при решавање на тоа кога една населбата воопшто станува град - некои велат дека кога го напушта едноставната самодоволност и воспоставува трговски врски, други пак велат кога се развива водоводот. Исто така, постои долга расправијата во академските кругови околу тоа дали градовите би можеле да му претходат на земјоделството.

Но, дури и меѓу местата кои се несомнено градови, кандидатите се движат од Варанаси во Индија до Пловдив во Бугарија. Варанаси (порано познат како Бенарес) може да смета на Марк Твен на своја страна -

„Бенарес е постар од историјата, постар од традицијата, постар дури и од легендата и изгледа двапати постар отколку сите други заедно“, вели Твен, но неговите тврдења се чини дека да се темелат на легендата создадена од лордот Шива во 3000 години пр.н.е, додека сите вистински докази укажуваат на тоа дека е формиран на Ганг 2000 години подоцна. Во меѓувреме, Пловдив има многу посилни аргументи, со докази за континуирана населба која датира од 6000 години пр.н.е.

Но, токму Блискиот Исток и Плодната полумесечина се најдобрата, најплодна област за античка урбаност. Не дека ова ја прави полесна работа за цврсто поставување на знамето за најстар град во светот. Градовите од овој регион не ги изнесоа своите претензии, ниту пак ги истражија или се обидоа да ги разменат за туристички долар, толку енергично колку и големите играчи во античкиот град на славата, како што се Рим, Атина.

Ирак, на пример, го има Киркук, порано античката асириска метропа Арафа, основана околу 2200 години пр.н.е и со урнатини на 5000 години стар замок, со цел да ја докаже својата вистинитост. Потоа тука е соседниот Ербил, главен град на курдистанскиот регион во Ирак, кој тврди дека има населби кои датираат од 6000 години пр.н.е.

Иран, пак, ја има Суса, сега со прекрасното име Шуш, административен центар на земјата Шуш, кој има акропола - сигурен знак за статусот на античкиот град – која според хемиската анализа е стара околу 4200 години пр.н.е. и доказ за континуирано домаќинство кое датира уште 800 години претходно. Меѓутоа, тврдењата за Суса се малку загрозени, од фактот дека бил деградиран во „мала населба“ во периодот меѓу 15 и 20 век.

Ерусалим и Бејрут може да се пофалат со урбанизација која датира од пред најмалку 3000 години пр.н.е., како што може и Ерихон во Западниот Брег. Всушност, археолозите пронајдоа докази за 20 последователни населби во Ерихон, кои датираат од пред 9000 години п.н.е. И тие веќе граделе ѕидови околу нивните праградови: сериозни 3,6 метри високи и 1,8 метри широки ѕидови, извонреден и невиден подвиг на одбранбена архитектура. Ерихон, како што вели Библијата, развил фетиш кон ѕидовите. Градот подоцна стана приватна сопственост на Александар Велики и Ирод – тој Ирод – го изнајмил од Клеопатра, кој и' бил даден од страна на Марко Антониј како подарок. Што друго да и' се даде на една жена која има се'?

Повторно Ерихон има етикета на слабо постојано населено место, бидејќи во голема мера беше напуштен со векови. Библос, порано прекрасен медитерански град во Либан, веројатно е првиот феникиски град, основан 7000 години пр.н.е. - не толку стар колку и Ерихон, можеби, но барем може да тврди дека е постојано населен од 5000 години п.н.е.

Дамаск едно време беше (во голема мера) неприкосновен носител на титулата најстар град. Тој е споменат во Книгата на постанокот и има докази за населено место кое датира од 9000 години пр.н.е. За жал, не постои јасен доказ за значајна активност во она што денес е Дамаск се' до вториот милениум пр.н.е. (На Ирод, патем, може исто така да му бил подарен Дамаск. Тој очигледно правел нешто како што треба.)

Иронично, но не Дамаск туку Алеп, кутриот заостанат Алепо, е тој кој е всушност најголемиот град во Сирија и некогаш бил моќен ривал на Каиро и Константинопол, кој има многу посилни аргументи за најстар град во светот. Доказите за населено место датираат 6000 години пр.н.е., но ископувањата северно од градот покажуваат дека номадите правеле наслеби тука 5000 години пред тоа.

Пишаните записи покажуваат дека Алепо бил важен град долго време пред Дамаск. Навистина дури по отворањето на Суецкиот Канал, Алеп повеќе не е голем трговски град. Се' до пред неодамнешната граѓанска војна, имаше сериозни напори за заштита на тврдината, која датира од првиот век пред нашата ера, како и џамиите од Алепо и неговите средновековни амами и сукови (чаршии). Сето тоа сега е уништено и стариот град на Алепо во голема мера е во урнатините и пустош. 

Можеби е невозможно да се каже со сигурност кој е најстариот град во светот - за многу стара дискусија, таа е многу флуидна, со постојано нови откритија - но засега се чини дека е правилно да му се даде таа титула на Алепо, најстариот град во кој во моментов се водат борби и се ограбува, како што се случувало со сите другите градови од почетокот. (Гардијан)

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »